сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе има четири услови за да остане во ПСЖ

Мбапе има четири услови за да остане во ПСЖ

Францускиот весник „Л’Екип“ наведува дека Килијан Мбапе има четири услови кои ги поставил пред раководството на ПСЖ, кои би требало да ги исполни за да продолжи да соработува со нив.

Првиот услов што Мбапе го бара од раководството на ПСЖ е да ја подигне сериозноста на друго ниво, и да ја намали слободата на одредени играчи, што воопшто не му се допаѓа.

Вториот услов е тој да стане број еден и во клубот и на теренот и сака да биде заштитно лице на проектот и главна ѕвезда на клубот.

Третиот услов на Мбапе е да добие продолжување на договорот до 2024 година, но со клаузула дека доколку сака може да го напушти клубот по само едно лето.

Последниот и најважен услов е тој да сака да стане најплатениот играч во светот, што не би требало да биде проблем со оглед дека ПСЖ и подготвува таков договор за него.