Килијан Мбапе е подготвен да го исплати предвреме договорот што го има со Пари Сен Жермен и да си замине од „Паркот на принцовите“ во јануари. Очигледно дека не успеа планот на раководството на клубот, во кој помагаше дури и францускиот претседател Емануел Макрон, ПСЖ да го задржи Мбапе на подолг период.
Во последен момент го разубедија да не направи трансфер во Реал Мадрид и се сложи на нов договор, кој има важност до 2024 година, со опција и за уште една дополнителна сезона.
Но, очигледно дека нема ништо од тоа, затоа што Килијан Мбапе сака да го раскине договорот и самиот да ја плати отштетата кон клубот за да замине.
Француските медиуми тврдат дека се работи за неверојатни 400 милиони евра.
Мбапе летово потпиша договор со ПСЖ според кој заработува 750.000 евра неделно, а доколку повеќе не сака да го носи дресот на овој клуб ќе мора да плати огромна сума пари. Познато е дека добил и 125 милиони евра како бонус.