недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе: Мундијалот е турнир на моите сништа

Мбапе: Мундијалот е турнир на моите сништа

Мбапе е првиот фудбалер на Мундијалот кој трипати е прогласуван за играч на натпреварот. Сепак, по победата над Полска рече дека не му се битни индивидуалните признанија.

„Победивме и многу сме среќни што ја продолжуваме авантурата. Би сакал да кажам и дека имаше многу прашања за моето непојавување на прес-конференци. Немам ништо против новинарите, но имам потреба да се фокусирам на натпреварите. Кога сакам да се фокусирам на нешто, морам да го сторам максимално, да не ја трошам енергијата на друго место“, изјави Мбапе.

На прашањето дали сака да ја освои „Златната топка“ и титулата најдобар играч на Светското првенство, Мбапе одговори дека нема таква амбиција.

„Единствената цел за мене е да го освојам Светското првенство, и секако следниот натпревар. Тоа е единственото нешто за кое сонувам. Дојдов да го освојам Светското првенство. Тоа е моја опсесија и натпреварување на моите сништа“, заврши Мбапе.

Франција во четвртфиналето ќе игра со Англија следната сабота од 20:00 часот.