Напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе во финалето од Купот на Франција доби незгоден удар поради што со солзи во очите го напушти теренот.
Мбапе потоа со патерици дојде да го проми пехарот, а после деталните прегледи ПСЖ денес излезе со официјално известување за неговата повреда.
Французинот заработи повреда на скочниот зголб, но за среќа не станува за скршеница, иако има оштетување на лигаментите.
„Истегнување на десниот скочен зглоб со значителна повреда на екстерниот латерален дел од лигаментите. Ќе биде повторно прегледан за 72 часа“, стои во соопштението.
Поради повредата Мбапе готово сигурно ќе го пропушти четврфиналниот дуел со Аталанта од Лигата на шампиони.