четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе одби да потпише договор со ПСЖ

Мбапе одби да потпише договор со ПСЖ

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, многу веројатно ќе го напушти францускиот клуб, пишува „Марка“.

Според шпанскиот весник, 22-годишниот Французин нема намера да потпише нов шестгодишен договор со тимот и се надева дека ќе се пресели во Реал ова лето.

Актуелниот договор на играчот истекува следната година.

Минатата сезона Мбапе учествуваше на 47 натпревари на сите турнири, на кои постигна 42 гола и 11 асистенции.

Интерес за ангажман на Мбапе покажува и премиерлигашот Ливерпул.