Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Шон Лонгстаф, кој синоќа го даде третиот гол во победата на Чавките над ПСЖ од 4-1, останал со празни раце по мечот кога на Килијан Мбапе му го побарал дресот за да му го даде на својот брат.
„Во финишот на мечот, решив да стојам блиску до Мбапе и веднаш да го прашам дали може да ми го даде дресот за да му го подарам на мојот помал брат“, рече Лонгстаф, кој бил разочаран што бил одбиен од Французинот, но ќе има уште една шанса да добие дрес, кога ќе играат во Париз.
Сепак, дресот на Мбапе синоќа остана во Њукасл, и тоа кај синот на Киран Трипие.