вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе одбил уште еден клуб, се појасно е дека Французинот го чека Реал Мадрид

Мбапе одбил уште еден клуб, се појасно е дека Французинот го чека Реал Мадрид

Како што пренесува Л’Екип, Килијан Мбапе ја одбил можноста да се пресели во Челси, се појасно е дека напаѓачот го чека Реал Мадрид.

Килијан Мбапе одлучи да не ја активира клаузулата за продолжување на соработката со ПСЖ до јуни 2025 година, па „светците“ почнаа да слушаат понуди за услугите на Французинот.

Напаѓачот веќе одби рекордна понуда од Саудиска Арабија, а се шпекулира дека кажал НЕ и на Барселона.

Оваа недела се појавија гласини за преселба во Челси, наводно Килијан Мбапе бил подготвен да го облече дресот на „сините“ но под услов тоа да биде позајмица до крајот на сезоната.

Но како што пренесува Л’Екип, Килијан Мбапе ја одбил можноста да заигра во Челси и се појасно е дека го чека Реал Мадрид.

ПСЖ верува дека фудбалерот веќе се има договорено со „кралевите“ и тоа беспари да се пресели следното лето, сценарио кое тие не сакаат да го помислат бидејќи ќе значи голема финасиска штета.