Килјан Мбапе летниот одмор го искористи и за да го посети родното село на неговиот татко во Камерун.
Мбапе, родум од Париз, пристигна минатиот викенд во селото на островот Џебале, а го третираа како американскиот претседател да пристигнал во таа африканска земја.
Мбапе беше возен низ Камерун со оклопно комбе, а понекогаш дури и со оклопно возило кое цело време го придружуваше конвојот. На снимката на социјалните мрежи се гледаат специјалци како трчаат покрај колоната на Мбапе и не дозволуваат никој да се доближи до неа.
Тој доби традиционална носија и седна во друштво на локалниот началник, по што одржа краток говор пред илјадници локални жители. Мбапе посети и основно училиште на крајбрежјето, чија изградба ја финансираше.
This is the extent of Kylian Mbappé’s security in Cameroon today. pic.twitter.com/bq9paCEw6q
— Get French Football News (@GFFN) July 8, 2023
Таткото на Мбапе, Вилфрид, на многу рана возраст го напуштил Камерун и отишол во Франција во потрага по подобар живот. Тој се преселил во Париз, каде што оформил семејство во кое ги израснале Мбапе, неговиот брат Итан и неговиот посвоен брат Жирес Кембо Екоко, кој исто така е фудбалер.