вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе сам си го сруши сонот да игра за Реал Мадрид, сега гледа кон Англија

Мбапе сам си го сруши сонот да игра за Реал Мадрид, сега гледа кон Англија

„Л’Екип“ пишува дека Килијан Мбапе добил зелено светло од семејството да се пресели во клуб од Премиерлигата, тоа може да се случи уште во јануари.

Мбапе како невистинити ги оцени пишувањата дека тој не е во лош однос со раководството на ПСЖ и сака трансфер уште во следниот преоден рок, но ретко кој верува во тоа.

Гласините за заминување на фудбалерот и неговиот лош однос со ПСЖ продолжуваат.

Мбапе сонуваше да заигра во Реал Мадрид, но минаво лето сам си ја затвори вратата да заигра во белиот дрес на Сантијаго Бернабеу.

Флорентино Перез рече дека не ги чита вестите за Мбапе бидејќи не го интересираат, тој посочи дека Реал Мадрид ги има Винисиус и Родриго, па нема потреба од ангажман на Французинот.

Кога веќе Реал Мадрид не е опција, логична дестинација за Мбапе е Премиерлигата. „Л’Екип“ пишува дека Французинот добил зелено светло од семејството за преселба во Англија.

Неговиот чичко кој има влијание врз Килијан, го советувал дека Премиерлигата е најдобра дестинација за него.

Мбапе се поврзува со Ливерпул, но не се исклучува можноста и некој од другите клубови да загриза, некој како Манчестер јунајтед или Челси.

Манчестер Сити има најмногу пари, но тие го имаат Халанд и се чини дека Пеп Гвардиола знае дека со ангажман на Мбапе ќе ангажира и фудбалери со големо его кој може да ја расипе идилата во соблекувалната.

Манчестер јунајтед доколку го продаде Роналдо во јануари, ќе ослободи значаен дел од средствата за плата, па ќе може да биде конкурентен.

Тука е и Челси со новиот сопственик кој сигурно ќе сака да се покаже со некое врвно засилување.

Но, Ливерпул се посочува како прв кандидат за потписот на Мбапе.

Како и да е, многу ќе зависи од тоа на кој начин Мбапе ќе си замине од ПСЖ. Дали ќе си го откупи договорот како што имаше шпекулации, или пак францускиот клуб ќе го продава за огромна сума.

Ако се случи второто, не се исклучува можноста ниту еден клуб да не може да си го дозволи.