петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе се налутил зошто платата му доцнела неколку дена

Мбапе се налутил зошто платата му доцнела неколку дена

Медиумите од Франција пренесуваат дека Килијан Мбапе минатиот месец се налутил откако платата му доцнела неколку дена, и ова била една од причините за неговото незадоволство и желба да замине од ПСЖ.

Минатиот месец се појавија многу гласини за заминување на Килијан Мбапе од ПСЖ, се говореше дека напаѓачот бил разочаран поради неисполнетите ветувања кои му биле дадени кога го продолжил договорот.

Л’Екип сега додава дека имало и друга причина зошто напаѓачот изразил незадоволство, односно му доцнела платата неколку дена.

Килијан Мбапе бил изненаден кога видел дека септемвриската плата не била легната на сметката во договореното време. Кога гласините за трансфер почнаа да се појавуваат на 11. октомври, платата се уште не била префрлена.

Еден или два дена подоцна, дел од платата била префрлена. Луѓето кои се грижат за кариерата на Килијан Мбапе побарале одговори од ПСЖ, но не биле задоволни од објаснувањата кои ги добиле (проблем со сметките/проблем со Финансискиот фер плеј).

Во меѓувреме проблемот е надминат, од таборот на ПСЖ за Л’Екип брифираат дека целата плата и бонуси кои му следувале на Килијан Мбапе се исплатени со напомена дека како и во сите други клубови, некогаш има задоцнување на исплатите.

Се верува дека бруто платата на Килијан Мбапе е околу 70 милиони евра.