понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ

Мбапе стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе постигна гол синоќа на натпреварот од 26. коло на францускиот шампионат против Нант (4:2).

Овој погодок беше 201-ви за 24-годишниот Французин во 248 натпревари за парискиот клуб. Така Мбапе стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Единсон Кавани (200 гола на 301 натпревар).

Сезонава Мбапе одигра 22 натпревари во француската Лига 1 на кои постигна 18 голови и три асистенции.