вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Медиумите во Италија: Македонија е нашиот кошмар !!!

Медиумите во Италија: Македонија е нашиот кошмар !!!

Италија повторно не одигра на потребното ниво за да ја победи Македонија, полека но сигурно им стануваме сериозен камен на сопнување на Италијаните.

„Азурите“ се уште добро го сеќаваат натпреварот од Палермо кога ги шокиравме преку Александар Трајковски во финишот од средбата, со што ги елиминиравме од потенцијална шанса за пласман на СП, а сега и во квалификациите за ЕП им го оспоривме патот кон нови бодови.

Медиумите во Италија пишуваат дека Македонија за нив полека станува кошмар и дека по ова реми во Скопје, Европското првенство е под ризик за нив, бидејки тука е и Украина во игра за втората позиција на табелата.

Највлијателните италијански спортски медиуми „Газета дело спорт“, „Кориере дело спорт“, „Тутоспорт“… едногласно пренесуваат дека Италија одбележа „Лажен почеток на Лучијано Спалети на клупата на репрезентација“.

Квалификациите се се уште на половина и има време да се поправат, но Италијаните сега се во далеку понеповолна ситуација од пред овој натпревар.