Фудбалскиот клуб Ривер Плата соопшти дека ќе со соработува со властите откако една невладина организација објави дека малолетни лица се сексуално злоставувани во младите категории на светски познатиот фудбалски клуб.
Асоцијацијата за жртви на силување АВИВИ вложи и службена тужба до локалниот обвинител, наведувајќи дека три малолетници наводно биле злоставувани од 2004 до 2011 година, пренесува АП.
Аргентинскиот весник „Ла насион“ наведе дека жалбата е заснована на информација од неименуван лекар кој неколку години работел во клубот.
Фудбалскиот клуб во соопштението наведува дека официјални лица од Ривер Плата ќе се појават денеска пред обвинителот за да добијат увид во сите аспекти на тужбата, како и дека на властите ќе им ги пружат сите елементи кои им се на располагање, како би се разјаснила ситуацијата.
Ривер Плата е еден од двата најпознати клубови од Аргентина, од кој излегле многу светски фудбалски ѕвезди, а ривалството со Бока Јуниорс е познато ширум светот.