сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мексико остана без селектор

Мексико остана без селектор

Херардо „Тата“ Мартино на новинарите, по елиминацијата од Мундијалот во Катар, им изјави дека повеќе не е селектор на Мексико.

И покрај триумфот од 2-1 над Саудиска Арабија, Мексико не успеа да се пласира во осминафиналето.Полјаците го освоија второто место во групата, бидејќи примија помалку голови.

-Договорот ми истече во моментот кога судијата свирна крај на натпреварот, објасни аргентинскиот стручњак.

Мартино е на клупата на Мексико од 2019 година, но не оствари некој позабележителен резултат. Не блескаше ниту во квалификациите, а го загуби и финалето на „Голд Купот“ од Соединетите Американски Држави.