четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Менаџерот на Брајтон прв фаворит за клупата на Челзи?

Менаџерот на Брајтон прв фаворит за клупата на Челзи?

Раководството на Брајтон му даде дозвола на менаџерот Грeм Потер да преговара со Челзи за испразнетото менаџерско место во лондонскиот клуб, информираат британските медиуми. Претходно денеска веста дека менаџерот Томас Тухел е отпуштен дојде како изненадување од „Стемфорд бриџ“. Ова се случи неполни 24 часа по поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите.

Според информациите од Островот, Потер е на врвот на потесниот круг од четворица кандидати кои му биле предложени на сопственикот на Челзи, Тод Боли. Меѓу потенцијалните нови ментори на „сините“ е и поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

47-годишниот Потер го предводи Брајтон од 2019 година, а „галебите“ ги постигнаа своите два најдобри пласмани во историјата на Премиер – лигата под негово водство. Од стартот на оваа сезона тие се четврти на табелата со 13 бодови, три повеќе од Челси, кој е шести по одиграни шест кола.