петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси: Физички беше многу тешко

Меси: Физички беше многу тешко

Меси по натпреварот потврди дека физички беше тешко да се издржат деведесетте минути против Австралија.

„Физички многу тежок натпревар. Многу сум среќен за оваа победа. Ова е уште еден чекор. Сакавме да бидеме тука и да го почувствуваме она што го чувствуваат луѓето. Да ја почувствуваме нивната енергија што ни ја пренесуваат. Важно е да останеме обединети. Ја контролиравме играта, можевме и порано да победиме“, изјави Меси.

Лионел Меси дојде до бројката девет гола на Светските првенства, само еден помалку од Батистута, кој е најдобар аргентински стрелец на сите времиња на Мундијалите.