среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси го покажа вистинското лице, го прекина интервјуто на хрватскиот селектор (ВИДЕО)

Меси го покажа вистинското лице, го прекина интервјуто на хрватскиот селектор (ВИДЕО)

Лионел Меси имаше непријатна епизода со Холанѓаните и го шокира фудбалскиот свет со непримерен однос и потези, но против Хрватска повторно беше препознатливиот фудбалер џентлмен, а дури и го прекина интервјуто по мечот за да се поздрави со Златко Далиќ.

Селекторот на Хрватска тргна кон Меси да се поздрави и да му честита за победата на Аргентина од 3:0 во првото полуфинале на Мундијалот во Катар, а Лео џентлменски го прекина за момент интервјуто со TyC Sports и се поздрави со Далиќ.

Во претходната фаза Аргентина ја елиминира Холандија на пенали во возбудлив меч, на кој Меси имаше изненадувачки лоши реакции кон противниците и го разочара фудбалскиот свет, кој го познава како врвен спортист и кроток човек.

ФИФА најави дека ќе го казни Аргентинецот, а Меси веднаш на следниот меч против Хрватите со реакциите покажа дека имал само еден лош ден против Холанѓаните.