петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси: Имам многу ритуали, а ова прво го прави кога ќе влезе дома

Меси: Имам многу ритуали, а ова прво го прави кога ќе влезе дома

Лионел Меси проговори за своите навики и омилените јадења. Според зборовите на 36-годишниот Аргентинец, тој прави многу работи според рутината, без да ја прекрши.

– Имам многу ритуали. Пред да си легнам, ќе подготвам сè на маса за следниот ден. Појадок… Секој седи на своето место. Секогаш сум на истото место, децата, сопругата, јас. Кога ќе се вратам дома, веднаш ги соблекувам патиките и облекувам влечки. Имам и други ритуали, но претпочитам да молчам за нив.

Јас сум многу скромен во храната: печено месо, тестенини, чоколадо, дулче де лече (десерт од шпанската, португалската и латиноамериканската кујна), сладолед. Сакам сè слатко, и можам да јадам сè. Но, се трудам да јадам помалку.

Што се однесува до пијалаците, порано пиев слатки работи, но потоа се навикнав на горчливите, изјави напаѓачот на Интер Мајами и Аргентина.

Меси ова лето премина од ПСЖ во Интер Мајами.