недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси ја одбил понудата со плата од 400 милиони евра годишно!?

Меси ја одбил понудата со плата од 400 милиони евра годишно!?

Аргентинските медиуми пишуваат дека еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси ја одбил понудата на Ал Хилал од Саудиска Арабија со годишна плата од 400 милиони евра.

Ал Хилал вчера испрати понуда до ѕвездата на ПСЖ, која има договор со францускиот првак до крајот на сезоната, а Меси без многу размислувања одби да се пресели во Саудиска Арабија, иако му беше понуден договор од соништата.

Меси, наводно, ќе ја одбие понудата и од ПСЖ затоа што сака да се врати во Барселона и да ја заврши кариерата во екипата во која што помина 17 години.

Во моментов најголема плата во Саудиска Арабија добива Кристијано Роналдо, кој на крајот на минатата година реши да потпише за Ал Наср.