Аргентина синоќа ја помина Холандија на пенали и се пласираше во полуфиналето од Светското првенство каде што ќе се сретне Хрватска, по мечот Меси во микс-зоната имаше една бурна реакција која не остана незабележана.
Мечот меѓу Аргентина и Холандија беше жесток и полн со тензија во целиот тек, причина се и потценувачките изјави на Ван Гал за Аргентинците пред натпреварот
Победата изгледа не ја олади доволно главата на Меси, па додека даваше изјави тој влезе во вербален дуел со некој, му рече: „Што сакаш? Што гледаш? Бегај таму глупаку“.
"QUE MIRAS BOBO":
Por una consulta de Lionel Messi pic.twitter.com/LHBGMtfgoP— ¿Por qué es tendencia? (@porquetendencia) December 9, 2022