Капитенот на Барселона, Лионел Меси по постигнатиот гол синоќа против Бетис (3:2) во мечот од 22. коло на шампионатот на Шпанија се најде на второто место на листата на стрелци на играчи кој на натпреварот влегле од клупата за резерви.
Триесет и тригодишниот Аргентинец има 27 голови по замената, со што го стигна играчот на Реал Сосиедад, Оскар де Пол.
Во водство е уште еден поранешен Каталонец, Хулио Салинас кој своевремено постигна 28 погодоци, откако во игра влегол како замена.
По 22 кола, Барселона е на делба на 2. место во Ла Лигата со 43 бода колку што има и Реал Мадрид. Лидер е Атлетико со 50 бода и два натпревари помалку.