вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси: Не одиме во Русија како фаворити, но…

Меси: Не одиме во Русија како фаворити, но…

Не патуваме на шампионатот како фаворити, но одиме со Русија со надеж. Ќе дадеме се од себе на Светското првенство, изјави аргентискиот репрезентативец, Лео Меси по пријателскиот натпревар со Хаити.

Аргентина ги победи Хаити со 4:0, а Меси даде три гола, доедека еден постигна Серхио Агуеро.

Фудбалерот на Манчестер Сити натрепварот го почна од клупата, додека во нападот беа Меси, Игуаин и Ди Марија.

-Поважно од резултатот ни беше тоа да ги поздравиме нашите навивачи, изјави Меси.

Аргентина подготовките ќе ги одржи во Барселона.

Ривали во групната фаза на СП ќе и бидат Исланд, Хрватска и Нигерија.