Престижниот портал специјализиран за фудбал „Goal.com“ по полуфиналната фаза ја ажурираше листата на претенденти за наградата играч на Светското првенство во 2022 година.
На листата, како и во претходната верзија на рејтингот, во водство е напаѓачот на репрезентацијата на Аргентина и ПСЖ, Лионел Меси. На второто место остана напаѓачот на француската репрезентација и ПСЖ, Килијан Мбапе. Напаѓачот на Франција и Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е трет.
Топ 10 претенденти за наградата најдобар играч на Светското првенство во 2022 година од Goal.com:
1. Лионел Меси (Аргентина / ПСЖ);
2. Килијан Мбапе (Франција / ПСЖ);
3. Антоан Гризман (Франција / Атлетико Мадрид);
4. Софјан Амрабат (Мароко / Фиорентина);
5. Ашраф Хакими (Мароко / ПСЖ);
6. Николас Отаменди (Аргентина / Бенфика);
7. Џулијан Алварез (Аргентина / Манчестер сити);
8. Оливие Жиру (Франција / Милан)
9. Бруно Фернандеш (Португалија / Манчестер јунајтед);
10. Ричарлисон (Бразил / Тотенхем).