Аргентинците реагираа бурно по прекинот на дуелот против Бразил во квалификациите за Мундијалот 2022 година.
Бразилската полиција стави крај на мечот поради четворица гостински фудбалери, кои наводно прекршиле ковид-протоколи. Се работи за имиња кои настапуваат во Премиер лигата и кои немаа право на влез во земјата.
Лионел Меси беше меѓу првите на теренот и бараа објаснување за овој несекојдневен инцидент.
„Ова е срамота, тука сме три дена и ништо не се случи и сега ви текна на вакви глупости“ , беа зборовите на Меси.