Аргентина ќе плаче в недела. Тоа може да бидат солзи радосници поради третата светска титула, но и поради фактот што големиот Лионел Меси ќе го одигра својот последен мундијалски меч во кариерата.
Иако се споменуваше дека еден од најдобрите фудбалери во историјата нема да се откаже од репрезентативниот дрес и ќе игра на и собирот за четири години, сепак, самиот Меси потврди дека финалето ќе му биде негов последен танц на Светското првенство.
„Ова е моето последно Светско првенство. Горд сум што мундијалските настапи ќе ги завршам со играње во финалето. Има уште многу години до следниот турнир и сигурно е дека нема да бидам таму“, изјави 36-годишниот голгетер од Розарио.
Светското првенство во Катар е петто за Меси во кариерата. Сè започна во 2006 година во Германија, кога во дуел против Србија и Црна Гора, го замени Макси Родригез во 75. минута. Досега постигна 96 гола во дресот на Аргентина, на 171 настап, а впиша и 55 асистенции.