Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува „Todofichajes“.
Според шпанскиот спортски портал, Милан е заинтересиран за 29-годишниот фудбалер. Италијанскиот клуб одржа разговори со Шпанецот и се надева дека веќе во следниот трансфер рок ќе биде склучен договор.
Минатата сезона, Иско одигра 29 натпревари, на кои постигна две асистенции.
На светската фудбалска берза, вредноста на Иско се проценува на 18 милиони евра. (МИА)