петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан постигна нов клупски рекорд

Милан постигна нов клупски рекорд

Играчот за врска на Милан, Франк Кеси го отвори резултатот на вчерашниот натпревар против Сампдорија. „Росонерите“ поставија нов клупски рекорд во највисоката италијанска дивизија, постигнувајќи гол на 30 првенствени натпревари по ред.

Последен пат тимот предводен од тренерот Стефано Пиоли не успеа да постигне гол на дуелот со Сампдорија (0:0) на 6 јануари.

Милан по десет кола е лидер на табелата во Серија, по вечерашната победа (2:1) разликата со второпласираниот Интер е пет бода.