четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мистериозната порака на Мбапе го дигна на нозе Мадрид

Мистериозната порака на Мбапе го дигна на нозе Мадрид

Килијан Мбапе и понатаму нема намера да го продолжи договорот со ПСЖ по крајот на сезоната 2023/24 со што го доведе парискиот тим во ситуација да мора да го пропаде својот најдобар фудбалер ова лето доколку сака да врати дел од 180-те милиони евра издвоени за негов ангажман во 2018 година.

Веќе е познато дека целта на младиот голгетер е премин во Реал Мадрид, а и покрај изјавата на Карло Анчелот дека „кралскиот тим“ нема да се засилува, објава на Французинот на социјалната мрежа „Инстаграм“ тамошните медиуми ја толкуваа како најава за спектакуларен трансфер во последниот дел од преодниот рок.

Имено, Мбапе на „стори“ ја објави новата песна на Дејв и Тиако насловена „Специјален“. Првите стихови од истата се „Јас сум ‘Топ Бој’ скап како потписот на Моисес Каиседо во Лондон“, а притоа додаде и три емоџија – бомба, две раце кои се ракуваат и пламен, порака од која заклучокот е дека постигнал некој договор.