среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Митровиќ ја спаси Србија, Словенија загуби од Кипар

Митровиќ ја спаси Србија, Словенија загуби од Кипар

Српскиот фудбалер Александар Митровиќ е прв стрелец во квалификациите за настап на Светското првенство во Катар, а својата серија ја продолжи вечерва со два гола и донесе нова победа на Србија. Нашиот северен сосед славеше со 2:1 во Баку против Азербејџан и продолжи вредно да собираа бодови во својата кваллифкациска група за настап на СП во Катар, идната година.

Митровиќ беше прецизен во 16. и во 81. минута, доволно за победа, а стрелец за домаќините беше Махмудов во 59. минута од пенал.

Напаѓачот на Фулам и на српската репрезентација досега постигна пет гола на три меча и е лидер на листата со најдобри стрелци во квалификациите за СП.

Кикс имаше Словенија, селекција која загуби од Кипар во Никозија со 1:0.

Јоанис Питас беше стрелец на единствениот гол за триумф на домаќините, кои ја забележаа првата победа во циклусот и со 4 бода ја прескокнаа Словенија.