среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Модриќ доби понуда од 50 милиони евра

Модриќ доби понуда од 50 милиони евра

На фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ му се нудат 50 милиони евра за договор во Саудиска Арабија.

Според „AS“, фудбалерот би сакал да остане во Мадрид, но сè уште нема преговори за продолжување на договорот.

Во исто време, Хрватот доби понуда од Арапскиот Полуостров. Во Саудиска Арабија се спремни да му дадат на Модриќ 50 милиони евра за две години со платен данок. Оваа понуда е двојно повисока од парите што Хрват ги заработува во Реал Мадрид.

Договорот на 37-годишниот фудбалер со шпанскиот клуб е со важност до крајот на оваа сезона.

Сезонава Модриќ одигра 26 натпревари во шпанското првенство на кои постигна четири гола и три асистенции. Тој е во Реал Мадрид од 2012 година.