сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Модриќ : Хрватска има ДНК како Реал Мадрид

Модриќ : Хрватска има ДНК како Реал Мадрид

Хрватскиот фудбалски репрезентативец е лидер на „коцкестите“, а во интервју за шпанските медиуми откри дека овој тим не се предава и има размислување исто како Реал Мадрид.

„Можете да кажете дека имаме иста ДНК како Реал Мадрид затоа што секогаш играме до крај и никогаш не се откажуваме. Сакам да играм полуфиналиња против големи тимови, не против голем играч. Секако, Лео Меси е великан, тој е најдобар играч на Аргентина и ќе имаме потешкотии да го сопреме, ама ние сме подготвени да го дадеме најдоброто од себе. Се надевам дека тоа ќе биде доволно за место во финалето“, изјави Модриќ.