Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, вицешампион на последното Светско првенство, Лука Модриќ одби секаква споредба на претходното и актуелното Светско првенство.
„Не сум од оние кои прават споредби. Има нова енергија во тимот со млади луѓе и менаџери кои биле во Русија и кои им помагаат на новите да се прилагодат. Ова е ново натпреварување, мора да го дадеме најдоброто од себе“, изјави Модриќ.
Португалецот Кристијано Роналдо пред неколку дена изјави дека ќе се пензионира доколку Португалија го освои Светското првенство. Лука истакна дека е подготвен да го стори истото.
„Дај Боже тоа да се случи. Ако го оствариме тоа, потпишувам веднаш да се повлечам“, изјави искусниот играч за врска.
„Ќе мора да бидеме на најдоброто можно ниво за да постигнеме добар резултат против Мароко“, заврши Модриќ.