четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Модриќ: Непостоечки пенал за Аргентина – би било штета да ја испуштиме бронзата

Модриќ: Непостоечки пенал за Аргентина – би било штета да ја испуштиме бронзата

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ мислеше на ситуацијата од првото полувреме кога Лионел Меси го постигна водечкиот гол од пенал.

– Разочарани сме, според мене, тој прв гол не беше пенал. Прво требаше да биде корнер за нас, после тоа се суди непостоечки пенал, кој никогаш не се суди на вакви натпревари. Мислам дека дотогаш ја контролиравме играта, ни недостигаше волја да бидеме поопасни. Не ни правеа никакви проблеми до пеналот. Тоа ме растажува малку. Потоа дојде тој гол каде што имаа среќа. Тешко беше да се игра после тоа. Тоа е тоа – изјави Модриќ.

Хрватите ги очекува уште еден меч на Мундијалот во Катар, за третото место на 17 декември против поразениот од дуелот меѓу Мароко и Франција.

– Се разбира, како што реков, играме голем натпревар во сабота. Би било многу важно да го освоиме тоа трето место. После сè што направивме овде, како се однесувавме, би било штета да ја испуштиме бронзата. Мора да се подготвиме психички за тој натпревар. Се надевам дека ќе бидеме на ниво – вели Модриќ.