Најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња Лука Модриќ објави дека за Хрватска ќе игра најмалку до јуни за кога е закажан фанјфорот во Лигата на нации.
Сите во Хрватска посакуваат Модриќ, кој има 37 години да продолжи да игра за репрезентацијата, барем до Еуро 2024 како негов последен турнир, зашто скоро нереално е да се очекува дека ќе биде дел од репрезентацијата и на следното СП за четири години во САД, Канада и Мексико, кога ќе има 41 година.
„Нашата фудбалска иднина е светла. Некои од фудбалерите првпат освоија медал, а мене за тоа ми требаа 12 години. И тие млади момци ова треба да го ценат. Јас ќе продолжам да играм за Хрватска во Лига на нации, а после тоа – ќе видиме“, рече Модриќ.
„Направивме нешто што навистина е страшно за хрватскиот фудбал. Сакавме злато, бевме близу, но мора да бидеме горди на играта. Си заминуваме како победници. Сега одиме да прославиме. Успесите со репрезентацијата за мене се посебни и ме прават многу среќен. Како тим пораснавме многу и веќе Хрватска не е чудо кое се случува еднаш на 20 години. Не сме ние веќе „мина“ на која гледаа на нас, туку сме фудбалска сила. Последниве години младите фудбалери покажаа квалитет и донесона нова енергија“, рече Модриќ.