Mохамед Салах е во искушение за трансфер во Пари Сен-Жермен или во некој од шпанските фудбалски гиганти, продолжувајќи ја неизвесноста околу новиот договор со Ливерпул, тврди „Телеграф“.
Египетскиот голгетер уште не се обврзал на потпишување на нов договор со Ливерпул, откако сегашниот му завршува во јуни 2023 година, оставајќи можност за трансфер во Барселона или Реал Мадрид или преселба во Пари Сен-Жермен.
Оваа сезона тој е најдобар стрелец во Премиерлигата со 22 гола, а беше прогласен и за фудбалер на годината од стрна на англиските новинари.
.