Се уште актуелниот француски фудбалски шампион Монако, објави дека ќе им ги надомести сите финансиски трошоци на сопствените навивачи, кои го посетија натпреварот од 33. круг од Лига 1 проттив ПСЖ.
Монако синоќа во Париз загуби со убедливи 7:1, а срамниот пораз е причината клубот од Кнежеството да преземе таков чекор како чин на извинување до своите фанови.
Условите за враќање на средствата ќе бидат дополнително објавени.
Со победата над Монако, ПСЖ и официјално стана нов шампион на Франција, бидејќи на пет рунди до крајот има недостижна предност од 17 бода.