Играчот за врска на Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг се приклучи на Монца, чиј сопственик е поранешниот премиер Силвио Берлускони.
Играчот за врска денес официјално потпиша договор на една сезона со тимот од Серија „Б“.
Кариерата на 33-годишниот Боатенг е доволно богата и вклучува периоди во Херта (Берлин), Тотенхем, Борусија (Дортмунд), Барселона, Милан, а минатата година го носеше дресот на Фиорентина.
Берлускони, еден од најуспешните претседатели на Милан, ја презеде контролата над Монца пред две години. Клубот влезе во Серија „Б“ оваа сезона и ја започна кампањата 2020/2021 со желба да влезе во Серија „А“. (МИА)