Овој месец беше потврдено дека фудбалскиот тренер Јоаким Лев ќе ја напушти Германија откако ќе заврши Европското првенство ова лето.
Тој имаше одлични резултати како селектор на германската репрезентација со која во 2014. година застана на светскиот трон, но после 15 години одлучи за промена и наводно сега го бира првиот тим кој ќе го предводи.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Лев веќе учи шпански јазик бидејќи планира да работи во Шпанија,поточно се поврзува според медиумите во Шпанија со Реал Мадрид.
Реал се интересираше за него откако во 2014. година го освои СП, па не е исклучена можноста токму тој на крајот од сезоната да го наследи Зинедин Зидан.