недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мундијалот во Катар подготвен за историски момент

Мундијалот во Катар подготвен за историски момент

Германија ќе биде голем фаворит на пресметката со Костарика и мора да размислува само за убедлива победа доколку сака пласман во осминафиналето.

Покрај притисокот за избраниците на Ханзи Флик, овој дуел ќе биде запаметен и по еден историски момент.

Германија и Костарика ќе го одиграат првиот мундијалски натпревар на кој правда ќе дели женски судија.

Ваквата чест и припадна на Французинката Стефани Фрапар, која доби навистина голема, но и заслужена шанса од судиската комисија на ФИФА.

Претходно, Фрапар влезе во историјата и како прва судијка која била делегирана на натпревар од Лигата на шампионите.