недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мундијалскиот бараж на Украина со Шкотска ќе се одложи за во јуни

Мундијалскиот бараж на Украина со Шкотска ќе се одложи за во јуни

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин потврдил дека ќе мора да се одложи полуфиналето од баражот за Светско првенство (СП), а исто така најави дека будно ќе ја следат ситуацијата во нападнатата држава.

Поранешниот фудбалер Дарио Срна зборувал со Чеферин, кој му кажал дека мора да се одложи средбата затоа што во моментов не е време за украинската фудбалска репрезентација да настапи на теренот.

„Зборував со Чеферин денеска и тој ми кажа дека е на страната на украинскиот фудбал. Разбирам дека никој не се грижи за фудбал во моментов, но тој ми кажа дека мечот меѓу Украина и Шкотска ќе се одлож за јуни“, откри Срна.

Во второто полуфинале од баражот се игра средбата меѓу Велс и Австрија, кој е закажан за 24 март.