четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мундијалско лудило: Од денеска по два натпревари во исто време

Мундијалско лудило: Од денеска по два натпревари во исто време

Од денес во наредните четири дена ќе се одигра третото коло во групната фаза на Светкото првенство, и повторно ќе се играат по четири натпревари на ден, но овој пат во само два термини, и тоа од 16 и од 20 часот.

Причината за тоа е фер-плејот, односно двата натпревари од една група ќе се играат во исто време со цел да нема големи калкулации со резултатите.

Во 16 часот ќе се сретнат селекциите на Еквадор и Сенегал на Калифа интернационал стадионот, а во истиот термин ќе се одигра и натпреварот меѓу Холандија и домаќинот Катар на „Ал Бајт“.

Иран и САД во 20 часот ќе истрчаат на теренот на стадионот „Ал Тумам“, а во истовреме на „Ал Рајан“ ќе започне натпреварот меѓу репрезентациите на Велс и Англија.