Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не гледа причина да купува нови играчи во летниот преоден рок.
– Сега е лето, преодниот рок е отворен, сите очекуваат да потпишеме некого. Ајде да видиме како ќе се одвиваат работите, но да поминеме низ составот. Дали ни е потребен нов бек или голман? Веќе имаме добри играчи на овие позиции. Во средниот ред располагаме со Тијаго, Фабињо, Хендерсон, Окслејд-Чембрлен и Кеита, како и младите Елиот и Џонс. Во нападот се вклучени Мане, Фирмино, Салах, Жота, Шакири, Минамино и Ориги. Сигурно заборавив некој друг.
Ако треба да купиме некого, тоа значи дека треба да потрошиме многу пари, но тоа нема смисла бидејќи веќе имаме добри играчи. Да, одвреме навреме се потребни промени, но засега нема смисла да се зголемува постојниот фонд, изјави Клоп.
Во сезоната 2020/21, Ливерпул заврши на третото место во табелата со 69 поени на 38 натпревари.
„Црвените“ ќе ја отворат сезоната 2021/22 со натпревар против Норич, кој ќе се одржи на 14 август.