Скандалот од Светското првенство во Русија во режија на Ѓердан Шаќири и Гранит Џака, кои за време на прославата директно ги испровоцираа српските навивачи истакнувајќи го албанскиот двоглав орел, повторно е во центарот на вниманието на јавноста.
Тогаш двајцата фудбалери беа осудени од швајцарските медиуми дека головите на репрезентацијата ги прославувале со симболите на друга земја и со тоа директно ги провоцирале противникот и навивачите.
Директорот на швајцарската репрезентација Пјерлуиџи Тами во интервју за швајцарските медиуми изјави дека ќе даде се од себе ова да не се повтори во Катар.
Светското првенство не е само за играта со Србија, дури и ако знаеме колку е оваа игра посебна, со оглед на тоа што се случи во 2018 година. Не сакаме да ги правиме истите грешки, тука сме да играме фудбал и ништо друго. Не сакаме да испраќаме никакви политички или верски пораки. Сакаме да ги претставуваме нашите вредности. Еден од нив е: почит. Покажуваме почит кон другите мислења. За мене би било грешка да испровоцирам некого со гест, без разлика на играта. Не треба да има зборови, гестови или воопшто однесување што предизвикува други реакции. Кога навиваме, ја покажуваме нашата радост, тоа е важно. Но, не мора да бидеме провокативни – изјави директорот Тами.