Фудбалската репрезентација на Србија откако ја победи Португалија во битката за директен пласман на Светското првенство (СП) и тоа среде Лисабон прослави бурно. Во соблекувалната ечеше песна, а токму на Мундијалот во Катар си ја добија желбата.
„Дајте ни го Бразил да си играме“, ечеше во соблекувалната на „орлите“, а ждрепката ги награди токму со натпревар во групната фаза против главниот фаворит за „Златната божица“ на несекојдневниот планетарен собир.
Како Србите славеа по мечот со Португалија:
Србија ќе го отвори Светското првенство во Катар со натпревар против Бразил. Големата средба е закажана на 24 ноември.