недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нацијата беше во шок кога Ван Гал го повика да ги брани за Холандија – сопругата го молела да се откаже од фудбалот и да се занимава со оваа професија!

Нацијата беше во шок кога Ван Гал го повика да ги брани за Холандија – сопругата го молела да се откаже од фудбалот и да се занимава со оваа професија!

Највисокиот фудбалер на Светското првенство во Катар е холандскиот репрезентативец Андрес Ноперт кој е висок 203 сантиметри.

Дебитантот на СП е роден пред 28 години во Херенвен, а кариерата ја започнал во истоимениот клуб.

Сепак, тој мораше да го напушти клубот во 2014 година без ниту еден настап за првиот тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OnsOranje (@onsoranje)

Тој се пресели во НАЦ Бреда, но неговата кариера не ветувала многу, бидејќи за четири години забележал само седум настапи. Се обидел во италијанската Серија Б, но испаднал од лигата со Фоџа. Таму одиграл само осум натпревари.

Подоцна тој се обидел во Додрехт, но по само два меча добил отказ.

Неговата сопруга и другите членови на семејството го молеле да се откаже од фудбалот и да се вработи во полиција. Сепак, тој не сакал да се откаже од својот сон.

Не ги послушал, иако цела сезона не можешел да најде клуб.

Во јануари минатата година тој конечно ја добил својата шанса во Го Ахед Иглс. Тој ја искористил шансата и набрзо добил покана од Херенвен, клубот во кој ја започнал својата кариера.

Јавноста остана шокирана кога искусниот Луј Ван Гал го повика да ги брани боите на Холандија на Светското првенство во Катар.

Пред две години немаше клуб и кариерата му пропаѓаше, а во понеделникот дебитираше за репрезентацијата на најголемото фудбалско шоу во светот.

Тој импресионираше на првиот натпревар за репрезентацијата, а според рејтингот на „SofaScore“, тој беше најдобар играч на натпреварот и ја доби оценката 8. Направи четири одбрани, од кои две по удари од сопствениот шеснаесетник.