недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Над 53 отсто од Германците очекуваат нова светска титула за „панцирите“

Над 53 отсто од Германците очекуваат нова светска титула за „панцирите“

Точно 53.1 отсто од Германците веруваат дека фудбалската репрезентација на земјата ќе ја одбрани светската титула ова лето во Русија, пишува весникот „Билд“.

На второ место, според гласањето, е Бразил со 10,2 отсто, следни се Шпанија и Франција, со 9,9, односно 9,4 отсто. Анкетата беше подготвена и спроведена од Универзитетот „Хохенхајм“ во Штутгарт.

Интересно е дека пред четири години само 29 отсто од Германците веруваа во успехот на своите фудбалери, кога „панцирите“ ја освоија четвртата светска титула.

Најголемите оптимисти живеат во Бремен, бидејќи 75 отсто од локалното население очекува нов триумф. Најголемите песимисти се во Хамбург, каде 31,8 отсто веруваат во крајниот успех.

На прво место меѓу очекуваните финалиња е тоа помеѓу Германија и Бразил – 18,3 отсто. По него следат Германија – Шпанија (16.6 отсто) и Германија – Франција (16.1отсто).