Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман би можел да го преземе Тотенхем на крајот од сезоната.
Триесет и петгодишниот Германец е фаворит за тренерската позиција на Спарс, која до крајот на мај ќе ја заземе Кристијан Стелини, објавија некои британски медиуми.
Стелини привремено го презеде Тотенхем Хотспур по вчерашната оставка на Антонио Конте. На почетокот на минатата недела, Нагелсман доби отказ од Баерн Минхен.
По 28 натпревари, Тотенхем се наоѓа на 4. место на табелата во Премиер лигата.