Сенегалецот Едуард Менди е најдобар голман во Лигата на шампионите за сезоната 2020/21. Неговиот трансфер од Рен на „Стемфорд бриџ“ беше полн погодок и клубот со него ги реши проблемите меѓу стативите.
Менди предминатата сезона одбрани 78% удари кон неговиот гол и по тој параметар беше трет најдобар голман во Фрација. Со тие препораки дојде во Англија и освои многу симпатии. Блесна против Атлетико, Порто и Реал Мадрид, а одлично бранеше и во финалето на Лигата на шампионите против Манлестер Сити. Пред десетина дена го освои и Суперкупот на Европа, со победата над Виљареал во Белфаст.
Менди ја победи конкуренцијата во која уште беа Куртоа, Кејлор Навас и Едерсон