четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Најмалку 11.000 навивачи на трибините на ЕП на средбите во Данска

Најмалку 11.000 навивачи на трибините на ЕП на средбите во Данска

Данска е подготвена да ги отвори вратите на стадионот во Копенхаген за навивачи за време на Европското првенство.

Владата на оваа земја денеска потврди дека на четирите натпревари од ЕП кои ќе се играат во Копенхаген ќе може да присуствуваат најмалку 11.000 навивачи на трибините.

– Европското првенство е историски настан за Данска. Владата одлучи да дозволи најмалку 11-12.000 гледачи за четирите натпревари на стадионот „Паркен“ – изјави данскиот министер за култура, Џој Могенсен.

Во зависност од актуелната здравствена состојба, бројката на гледачи на стадионот „Паркен“ може да биде зголемена, но и намалена доколку се зголемува бројот на заболени од коронавирусот.

– Исто така ја известивме Данската фудбалска федерација (ДБУ) но и УЕФА дека ќе биде потревно да се забрани присуство на гледачи во случај на ширење на вирусот – додаде министерот Могенсен.