сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Најмалку две лица загинаа во прославата во Буенос Аирес

Најмалку две лица загинаа во прославата во Буенос Аирес

Славјето во Буенос Аирес после освојувањето на шампионскиот пехар на Аргентина не престанува со денови, а денеска на улиците излегле меѓу 4 и 5 милиони луѓе за да ги поздрават играчите кои со пехарот парадираа низ улиците на главниот аргентински град.

Неверојатни снимки пристигаа од славјето, од тоа дека луѓе се фрлаат по автобусот со фудбалерите, и притоа еден паѓа. Потоа еден навивач се качува на семафор, по што семафорот се крши. Од безбедносни причини играчите мораа да бидат евакуирани во хеликоптер.

Сепак, ова масовно славје не мина без инциденти. Порталот „Кониста“ пренесува дека еден навивач починал во текот на прославата. Несреќното момче се качил на високо и паднал.

Иако бил префрлен во болница, сепак, им подлегнал на повредите. Претходно еден навивач се задавил откако врзаното знаме околу вратот било повлечено од мотор, по што го угушило.